АД ЕСМ заедно со подружницата РЕК Битола реализираа еко-акција и засадија 50.000 багремови дрвца за рекултивизација на земјиштето околу комбинатот.
Со годинешната и ланската акција АД ЕСМ и РЕК Битола засадија 100.000 багремови садници, број кој според генералениот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски е за распект и тоа претставува една трeтина од вкупниот број на сите засадени садници откако постои комбинатот РЕК Битола.
-Бројките покажуваат дека силно сме посветени на зачувувањето на животната средина и со овие еколошки акции и со инвестициите во технологијата, санирање на рудниците и инвестиции во термоелектраната, но и другите еколошки активности што ние ги спроведуваме, покажуваме дека силно влијаеме врз зачувувањето на животната средина, истакна Ковачевски.
Новите 50.000 багремови садници се засадени во непосредна близина на старите одлагалишта за пепел со цел да се спречи понатамошното запрашување на населените места во Општина Новаци, но и ерозијата на земјиштето, појасни генералниот директор на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски и најави дека оваа година ќе почнат со реализација на зелениот појас во атарот на селата Агларци и Логоварди.
Акцијата на засадување 50.000 багремови дрвца во околината на РЕК Битола ја поддржаа активисти од здружението акцијаши волонтери „Пелистер“-Битола.
Wonderful analysis! Your insights are very enlightening. For more detailed information, check out: DISCOVER MORE. Keen to hear your views!