На неколку месеци пред одржувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април и натаму останува отворено прашањето за промена на Изборниот законик и изборниот модел. СДСМ се на став дека има време за да се донесат овие промени, и изборите да се одржат по новиот модел, но нивниот коалициски парнер ДУИ вели дека за промена на изборниот модел досега не дискутирале со владиниот коалициски. Од ДУИ сметаат дека за тоа прашање е потребен поширок меѓупартиски концензус, но и ити тоа не треба да се отвора на само неколку месеци пред изборите.
-Очекувам државотворен капацитет. Партиските интереси да ги ставиме на страна кога се работи за интересот на граѓаните на државата и да го смениме моделот во една изборна единица и да донесеме законска обврска 50/50, изјави вчера премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека со тоа најмногу добива демократијата во државата и се отстранува можноста од идно поставување на автократии.
Апсолутно сакам, потцрта Заев, доколку е можно сите да застанат зад тоа, но во парламентарната демократија се знае ако 61 глас кажат „за“ тоа е закон. Коалицискиот партнер ДУИ не се согласува, но јас сметам, рече Заев, дека треба малку повнимателно да се пресмета и да видат дека треба да се согласат. ВМРО-ДПМНЕ ако повнимателно се пресмета, смета премиерот, треба да се согласи.
април и натаму останува отворено прашањето за промена на Изборниот законик и изборниот модел. СДСМ се на став дека има време за да се донесат овие промени, и изборите да се одржат по новиот модел, но нивниот коалициски парнер ДУИ вели дека за промена на изборниот модел досега не дискутирале со владиниот коалициски. Од ДУИ сметаат дека за тоа прашање е потребен поширок меѓупартиски концензус, но и ити тоа не треба да се отвора на само неколку месеци пред изборите.
-Очекувам државотворен капацитет. Партиските интереси да ги ставиме на страна кога се работи за интересот на граѓаните на државата и да го смениме моделот во една изборна единица и да донесеме законска обврска 50/50, изјави вчера премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека со тоа најмногу добива демократијата во државата и се отстранува можноста од идно поставување на автократии.
Апсолутно сакам, потцрта Заев, доколку е можно сите да застанат зад тоа, но во парламентарната демократија се знае ако 61 глас кажат „за“ тоа е закон. Коалицискиот партнер ДУИ не се согласува, но јас сметам, рече Заев, дека треба малку повнимателно да се пресмета и да видат дека треба да се согласат. ВМРО-ДПМНЕ ако повнимателно се пресмета, смета премиерот, треба да се согласи.
СДСМ и Коалицијата, подвлече, е за една изборна единица и апелира ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се приклучат на ваквите иницијативи и модели.
– Претседателот на Собранието не е овде и нема да зборувам на различноста на коментарите дали има време или нема време. Јас тврдам дека има време, затоа што треба само да се смени гласачкото ливче и сето тоа што е поврзано со гласањето како процес. Огласна табла, како се огласува, како стои на гласањето и сето што е поврзано. Друго нема техника и технологија што ДИК треба да се подготвува и избирачките одбори нешто да се менуваат, изјави Заев.
Посочи дека СДСМ се и за отворени листи, но нагласи дека една изборна единица за пратенички листи и отворени листи заедно не треба да одат.
– Можеме да направиме отворени листи на следните локални избори и сега да го вградиме во законот, а една изборна единица да одиме сега, објасни Заев.
Лидерот на ДУИ , пак, вчера изјави дека за промена на изборниот модел не дискутирале со владиниот коалициски партнер СДСМ.
– Сметаме дека прашањето за изборниот модел е тема за која потребен е поширок меѓупартиски консензус, затоа сметаме дека се почитуваат сите директиви и препораки на ОБСЕ/ОДИХР и од меѓународната заедница, рече Ахмети.
Прашан зошто ДУИ е против да има само една изборна единица, Ахмети одговори дека тие заклучиле оти нема доволно време за дисикусија и за изработка на нови изборни правила.
Претседателот на Собранието Талат Џафери го дели ставот на Ахмети дека во вакви измени на изборното законодавство не треба да се влегува во последните месеци од работата на Парламентот и без постигнат политички консензус.
Тој појасни дека од група пратеници како овластени предлагачи до Собранието се поднесени два предлога за измени на Изборниот законик, еден по однос на моделот и еден за отворени листи и по процедура тие би можеле да се најдат на дневен ред на некоја од наредните седници.
-Но, мислам дека без општ консензус не би требало да се влезе во таков проект. Вообичаено такви проекти не се реализираат во последните месеци на работа на Собранието затоа што промената изискува и соодветни промени во моделот и во активности на други институции. Во тој контекст, мислам дека не би требало да се влезе во измени, рече Џафери.
Доколку се влезе во такви измени, додаде претседателот на Собранието, тоа треба да биде на почетокот на мандатот на собранискиот состав, со цел, како што рече, да може да се остави простор и можност за другите институции да може да ги спроведат одредбите од тие измени.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, е на став дека не е време за промена на изборниот модел, но и оти доколку се влезе во ваков процес тие како партија ќе се залагаат за 120 изборни единици. сст/са/