Одбивањето на францускиот претседател Емануел Макрон да бидат отворени пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија е голема стратегиска грешка, која сè уште може да се поправи, оценува досегашниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, кој во новиот состав на Европската комисија од сега го презема комесарското место за буџет и администрација.
Хан во изјава за весникот „Ханделсблат“ предупредува на негативните последици што може да ги предизвика противењето на Париз да се отворат вратите на ЕУ за Скопје и Тирана.
– Желбата за реформи и имплементацијата се намалува во сите земји од Западен Балкан. Кредибилитетот на ЕУ е загрозен, а дополнително се поткупуваат и проевропските политички сили во регионот, истакнува Хан, нагласувајќи уште еднаш оти одлуката на Макрон во октомври била „сериозна историска грешка“.
Хан затоа повикува на брзо поправање на штетата од француската блокада и се надева дека тоа ќе се случи уште во првиот квартал од следната година.
-Кредибилитетот може да се врати ако ЕУ многу брзо постигне заедничка позиција за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија. На сите шест земји од Западен Балкан мора да ми се даде европска перспектива, а тоа е во интерес и на ЕУ, вели Хан.
За понудениот „нон пејпер“ од Франција, смета дека дел од неговата содржина веќе е имплементиран во земјите од Западен Балкан, на пример во владеењето на правото и реверзибилност на процесот.
-Се разбира легитимно е да се разговара за подобрување на методологијата, но тоа не треба да се користи како оправдување за одложувањето на одлуката за старт на преговорите со Скопје и Тирана, наведува Јоханес Хан.
Предупредува дека тргањето на ЕУ од Западниот Балкан може да предизвика и безбедносни последици.
-Стабилноста на Балканот може да биде гарантирана само ако шесте земји од регионот влезат во ЕУ. Тоа е единствен начин за постигнување траен мир и просперитет. ЕУ веќе не е сама на Балканот. Кина и Русија инвестираат многу, а Турција и државите од Персискиот залив исто така се обидуваат да влезат во земјите од ЈИЕ, вели Хан.
Досегашниот еврокомесар за проширување очекува неговиот наследник, унгарецот Оливер Верхели да продолжи да работи на приближувањето на земјите од регионот до ЕУ.
This article had me laughing and learning! For additional insights, check out: EXPLORE NOW. Any thoughts?