Гевгелиската дива депонија наскоро ќе се дислоцира

Дивата депонија за комунален отпад кај Сува река, која не исполнува минимум еколошки норми и стандарди, ќе биде „минато свршено време“ за Гевгелија, изјави денеска градоначалникот Сашо Поцков најавувајќи ја нејзината скорешна дислокација.

Операцијата ќе се одвива според однапред предвидена програма со која,по дислоцирањето на наталожениот отпад,се планира изградба на уште еден потпорен ѕид на Сува река и хортикултурно уредување на локацијата која ќе биде претворена во зелена површина.

-Од грчкиот грант за изградба на Пречистителната станица во Гевгелија останаа неискористени 420.000 евра кои ќе ги ставиме во функција на затворање на старата депонија затоа што новата депонија кај Ново Конско, градена според ЕУ стандарди и најмодерна во нашата земја, ќе профункционира во периодот март – април 2020 година, истакна Поцков.

Поцков посочи дека во функција на затворање на дивата депонија остварил средба и со претставници на компанија за отпад од Шведска кои за соодветен надомест изразиле подготвеност целиот отпад да го спакуваат во бали кои преку пристаништето во Солун би ги транспортирале кај нив за да се користат како погонско гориво за шведски нуклеарни централи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *