Турската медитеранска извозна асоциција – производители и трговци со прехранбени производи, вклучувајќи риба и други аквакултури, денеска ќе ја посети Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО).
Во организација на МАТТО, претставниците на Медитеранската асоцијација очекуваат да се сретнат со македонски компании.
Асоцијацијата е со седиште на Мерсин, но ги покрива и Адана Хатај и Кајзери. Основана е во 1937 година и брои осум струкови здруженија низ цела Турција. Сите компании, нејзини членки, се извозници во ЕУ, Северна Африка, Блиски Исток и Кавказ и, како што наведува МАТТО, можат да бидат партнери или конекција за овие трети пазари.