Претседателот на Демократската партија на Турците Д-р Бејџан Иљас , денеска оствари средба со амбасадорите на Република Франција г. Кристијан Тимоние и на Федералната Република На Германија г. Томас Герберих.
На средбите беше разговарано за актуелната состојба во земјата, парламентарните избори на 12 Април и процесот на спроведување на Преспанскиот Договор и неговото позитивно влијаније врз билатералните односи меѓу нашите држави.
Исто така на средбата се разговараше и за реформската состојба на Европската Унија и нејзиното проширување со земјите од Западен Балкан.
Двајцата амбасадори му се заблагодарија на претседателот Иљас за конструктивната улога на партијата во евро-атлантските процеси на земјата и за нашето ангажирање на политичката сцена во изминатиот период.
На крај страните се соогласија дека ваквите пријателски средби треба да продолжат и во иднина.