Премиерот Зоран Заев денеска изрази сочуство за жртвите од земјотресот во Албанија и понуди помош и поддршка.
-Со загриженост ги следиме вестите за големиот земјотрес во Албанија, во Драч и во близината на Тирана. Силината на земјотресот, кој го почувствуваме и ние, ги насочи мислите кон нашите соседи. Најискрено сочувствуваме со најблиските на жртвите, и се надеваме на брзо закрепнување од последиците, вели Заев.
Тој во објава на својот Фејсбук профил вели дека од утрово се во комуникација со институциите на Албанија и оти земјава е подготвена да ја пружи сета неопходна помош и поддршка.