Македонското друштво „Илинден“-Тирана изразува длабоко жалење за изгубените животи, како последица од силниот земјотрес што денска ја погоди Албанија.
Во исто време наведува дека сочувствува со блиските на жртвите, а на повредените им посакува брзо закрепнување.
Искажува надеж дека лицата кои се под урнатините ќе бидат навреме извлечени и спасени. Посебна почит искажува кон надлежните структури кои максимално се ангажрани во овие драматични мигови за земјата.
Поради огромната материјална штета, што ја причини земјотресот, „Илинден“ апелира на солидарност и хуманост со цел ублажување на состојбата.
-Во име на сите Македонци во Албанија апелираме да се донираат средства за помош на настраданите во земјотресот. Биди хуман! Секому може да му се случи!, стои во соопштението на друштвото „Илинден“.