Дваесет и осмото генерално собрание на Асоцијацијата на балканските новиски агенции – (АБНА-ЈИЕ) се одржа изминатиот викенд во Тирана.
Во фокусот на дискусиите меѓу претставници на новинските агенции АБНА-ЈИЕ беше и договорот за модернизирање на официјалната веб-страница АБНА-ЈИЕ, која ќе биде мост меѓу колегите во регионот.
На Генералното собрание на АБНА исто така се дискутираше дека оваа веб-страница треба да има и платформа за е-книги (е-book), каде што сите членови на Сојузот на балканските новински агенции со своите текстови ќе придонесат за промовирање на туризмот, традиции на културно и духовно наследство на земјите, нивните обележја, дестинации и сè што вреди да се промовира за да се поттикнува туристичкиот потенцијал на земјите.
Генералното собрание на го избра заменик директорот на МИА, Халит Ајдин за менаџер на платформата за е-книги за целиот регион.
Оваа платформа договорена меѓу агенциите-членки ќе послужи како водич за секој турист што го посетува регионот. Преку платформата, туристите можат да имаат компас од дестинации и атракции што можат да ги посетат која било земја од Балканот.
Во рамки на Генералното собрание на АБНА, а во соработка со Со Телеграфската Албанска Агенција (АТА) беше организирана конференција на тема „Media&Tourism, Ideas&Solutions”, (Медиуми и туризам – идеи и решенија) со учество на врвни претставници на овие агенции. Целта на оваа конференција беше да се создадат нови канали на соработка за промоција на туризмот во земјите од Балканот.
Халит Ајдини, заменик директор на новинската агенција МИА од Северна Македонија, за време на конференцијата „Медиуми и туризам – идеи и решенија”, организирана од АТА, рече дека земјите од регионот имаат големи сличности, се многу блиску едни со други и како такви, мора да дејствуваат за општото добро.
-Ние живееме многу блиску едни со други, во еден регион. Мораме да се почитуваме и сакаме едни со други, затоа што ако не ги сакаме соседите, ако не се сакаме едни со други, како можеме да го сакаме Господ, рече Ајдини цитирајќи ја Мајка Тереза. Тој додава дека соработката во областа на туризмот ќе биде одлична можност за нашите земји.
-Треба да создадеме е-книги или онлине маршрути за празниците. За такво нешто сме разговарале во Солун. Имаме големи можности да го поттикнеме туризмот. Северна Македонија нема море, но блиску сме со Албанија која има излез во море. Но, Северна Македонија има скијачки- центри како Попова Шапка и Маврово, значи можеме да комуницираме едни со други , рече тој.
Албанија го презеде ротирачкото претседателство од турската новинска агенција Анадолу (АА).
Следниот состанок на Генералното собрание ќе се одржи во Косово.
АБНА-ЈИЕ (ABNA-SE) е основана во 1995 година, со цел да развие поцелосна соработка меѓу новинските агенции од регионот, како и да помогне да се воспостави атмосфера на мир, пријателство, безбедност и соработка на Балканот.
Меѓу членките на АБНА-ЈИЕ се Агрепрес (Букурешт), АНА-МПА (Aтина), Anadolu Agency (АА) (Анкара), МИА (Скопје), АТА (Тирана), БТА (Софија), ЦНА (Никозија), ФЕНА (Сараево), ХИНА (Загреб), СРНА (Бања Лука) и Танјуг (Белград).