Северна Македонија 54-та според Индексот на просперитет за 2019

Северна Македонија е на 54 место меѓу 167 држави што се во Индексот на просперитет за 2019 година, објавен од лондонскиот институт Легатум.

Според Институтот Легатум, кој за себе тврди дека е посветен на искоренување на сиромаштијата и постигнување просперитет преку зајакнување отворена економија, инклузивни општества и зајакнување на луѓе, од 167 земји опфатени со индексот, 148 земји – со 88 проценти од светската популација – бележат напредок во просперитет од 2009 година година.

Македонија има добри резултати во областа на услови за инвестирање (52 место) како и услови за живеење (50 место). Најслаба е во областа – образование (86 место). Од 2009 година државата бележи скок за едно место (во 2009 година била на 55 место).

Од источноевропските земји, Естонија ја зазема највисоката позиција на списокот „Индекс на просперитет“, на 21 место, Словенија – 27, а потоа следат Унгарија (46), Романија (47) и Бугарија (49).

Црна Гора е на 50-то место, Србија на 52-то место, Албанија е 65-та и 70-та е БиХ.

На дното се Белорусија (73), Русија (74), Молдавија (81), Азербејџан (92) и Украина (96).

Во изминатите десет години, сите земји од Источна Европа, според Легатум, постигнале подобрувања во пристапот до пазарот и инфраструктура, како и во условите за живот.

Покрај тоа, општествениот капитал, кој генерално беше слаб во Источна Европа, се подобри во 17 од 23 земји во регионот, при што во БиХ забележан е најголем напредок.

Од друга страна, личните слободи во Источна Европа се влошија повеќе од кое било друго место. Најголемото влошување е забележано во Унгарија, што, наводно, значително ја намалило слободата на собирање, здружување и говор.

Глобалниот просперитет кој е највисоко ниво досега, продолжува да се подобрува, но јазот меѓу земјите со најдобри и најлоши резултати продолжува да се шири.

Првите три места на Индексот ги заземаат Данска, Норвешка и Швајцарија, додека на самото дно е Јужен Суда

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *