За околу 30 проценти намален долгот на општина Велес

Велешкиот градоначалник Аце Коцевски на општина Велес денеска на истекот на 100-те дена од преземањето на функцијата информираше дека долгот на општината е намален за околу 30 проценти.

Пред да стапи на функцијата долгот изнесувал 170.276.850 денари или 2.768.729 евра.

– Со домаќинско работење и кратење на сите непродуктивни трошења долгот го намаливме. За три месеци се исплатени 50.038.181 денари  или 813.628 евра, односно 29,39 проценти од долгот , појасни Коцевски.

Воедно информира дека затекнатите состојби со превработеноста и неорганизираноста на администрацијата, лошите состојби во ЈКП „Дервен“ лошо се одразиле на хигиената во градот и резултира ле со ненавремено отстранување на дефекти,

лоупотребите направени од поранешниот претседател на советот со одобрување на поранешниот градоначалник, појасни Коцевски.

Воедно информира и за, како што рече, злоупотребите на неколкумина директори во училиштата, проблемите со огрев и превоз во училиштата, активностите за отстранување на бесправно поставените тезги кај пазарот, проблемот со кучињата скитници, но и за  големиот број на инфраструктурни и меѓународни проекти.

– Примопредавањето на функцијата се случи во многу специфичен период, непосредно пред активностите за донесување на програмите и буџетот на општината, на истекот на 2017 година. Затекнатите состојби и проблеми, како и процедурите за носење на буџетот, не оставија многу простор за реализација на конкретни проекти и активности. Особено во услови кога немаме ниту едно ново вработување, а во затекнатата  администрација од неразбирливи причини, најголемиот дел од одделенијата се без раководители , појасни Коцевски

Воедно информира дека за краток период успеале да направат анализа на сите состојби, да ги утврдат приоритетните проблеми на граѓаните и да   направат визија за идните проекти.

Најави Пречистителната станица со колекторски систем, финансирана од ЕУ како највреден проект во општина Велес во висина од над 20 милиони евра.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *