СЕ РАСТУРА ЖРК ВАРДАР

По завршување на оваа ракометна сезона, женскиот ракометен клуб Вардар нема да постои, се разбира ваков каков што е сега, силен, од врвот на европскиот ракомет, аспирант за чампионската титула на ЕХФ. Неофицијално, а можеби и официјално, најдобрите ракометарки добиле информација дека треба да си побараат нови клубови бидејќи пари ќе нема. Наводно, желбата на Самсоненко и на раководството била од следната сезона, Вардар својата игра да ја темели на млади ракометарки кои ќе излегуваат од сопствениот погон.

Тоа значи дека покрај французијнката Александра Лакрабер која веќе си замина и од јуни ќе настапува за французкиот клуб Фери, нови клубови веќе бараат и Јованка Радичевиќ, Драгана Цвијиќ и Андреа Лекиќ. Претходно заминување најавија и Амандин Лејно која треба да потпише за Ѓер а ракометна пензија најави Андреа Пенезиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *