Средба на Спасовски со финската министерка за внатрешни работи Охисало

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со неговата финска колешка Мариа Охисало, на која тој изрази задоволство што земјава е домаќин на Министерски форум ЕУ/Западен Балкан за правда и за внатрешни работи, кој е организиран во рамки на Финското претседателство со Советот на ЕУ.

Како што соопшти МВР, во исто време Спасовски ги презентираше активностите кои нашата држава ги презема во справувањето на борбата против организираниот криминал, тероризмот и илегалната миграција.

Од страна на министерката Охисало беа презентирани приоритетите на Финското претседателство со Советот на ЕУ, активностите кои се преземени со цел реализација на наведените приоритети, како и предизвиците со кои се соочуваат.

На состанокот се разгледаа можностите за продлабочување на билатералната соработка меѓу двете пријателски држави, се додава во соопштението на МВР.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *