Дискусиите за проширување и продлабочување на ЕУ не треба да се избегнуваат во време кога Унијата се соочува со предизвици, кога во европските институции неофицијално се разговара за новата методологија за преговори за членство, а по одлуката за одложување на отворањето на преговорите со Албанија и Северна Македонија, оценија учесниците на политичкиот панел за политиката на проширување на ЕУ во Францускиот институт во Белград.
Францускиот амбасадор во Србија, Жан Луј Фалкони во воведниот збор на панелот „Политиката на проширување на ЕУ на крстосница – вкрстување на ставовите на ЕУ за проширувањето и продлабочувањето на ЕУ“, оцени дека дебатата за продлабочување на Унијата засега и држави кои настојуваат еден ден да бидат членки на блокот и дека она што се случува во Србија со проширувањето е поврзано со она што се случува во Брисел.
– Франција ја отвора вратата за натамошно проширување и ние сакаме земјите од Западен Балкан, вклучително и Србија, да влезат во Европската Унија. Тоа е нашата цел, изјави францускиот амбасадор во Србија.
Фалкони, исто така, порача дека на патот на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан треба да спроведат бројни реформи во областа на владеењето на правото, слободата и деловната клима.
Одговорниот за проширувањето во Генералниот секретаријат за европски прашања на Франција, Жилијен Вуатури во обраќањето ја истакна важноста на дебатата која се води во ЕУ.
– Важно е да имаме дијалог со партнерите на ЕУ. Со европските институции водиме дијалог за тоа како да го унапредиме проширувањето за нас и за земјите кандидати, изјави Вуатури.
Тој оцени дека целта е да се зајакне пристапниот процес и самата перцепција, начинот на кој земјите кандидатки го усвојуваат процесот на проширување.
– Да се стане членка на ЕУ, пред се повеќе е одлука на народот, отколку одлука на владата, рече француски претставник, додавајќи дека „прашањето за проширувањето не треба да се спротивставува со прашањето на продлабочувањето на ЕУ“.
Great read! Your breakdown of the topic is commendable. For further reading, here’s a useful resource: READ MORE. Let’s discuss!