Во Гевгелија ќе бидат поставени три агрометеоролошки станици

Три агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина ќе бидат поставени на територијата на Општина Гевгелија во рамки на проектот кој предвидува набавка на вкупно 23 станици преку Центарот за развој на југоисточниот регион, потврдија денеска од гевгелиската локална самоуправа.

– Според направената експертска анализа во Општина Гевгелија ќе бидат поставени три агрометеоролошки станици за заштита на виновата лоза, бостанот и пченицата, затоа што статистиката потврдува дека токму овие култури се најзастапени кај нас, велат од Општината.

Од надлежната служба посочија дека следува фаза на утврдување локации за поставување на станиците на отворена површина, поточно на земјоделските површини кои ќе бидат засадени со овие култури.

Покрај информациите за временските прилики, агрометеоролошките станици на земјоделците ќе им даваат корисни информации и за заштитните мерки што треба да ги преземат при третирање на земјоделските култури согласно временските прилики и непогоди доколку го зафатат регионот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *