Алијанса за Албанците: Професори од Тетово бараат помош од Арбен Таравари за прекршоците на Теута Арифи

Група професори од средното училиште „Никола Штејн“ во Тетово, со  службен документ го известија градоначалникот на Гостивар за  неправилностите и прекршувањата на законот што нивниот градоначалник, односно градоначалничката на Тетово, со незаконско именување на в.д. директор на нивното училиште.

Во известувањето, професорите велат дека градоначалничката на Тетово,  Теута Арифи три пати го прекршила законот само во нивното училиште, а  Министерството за Образование се уште не и ги одзема надлежностите. Училиштето, каде се предава на три јазика, албански, македонски и  турски, првично со решение на градоначалничката Теута Арифи, спротивно на законот за средно образование за в.д директор беше именувана, Шкендије Хусеини со несоодветно образование за оваа позиција.

По реакцијата на професорите, Државниот Просветен Инспекторат испрати Укажување до градоначалничката да ја повлече одлуката. Но градоначалничката по втор пат го прекрши законот со именување на в.д. Исан Емини со високо образование, кој исто така не е соодветно квалификуван за таа позиција.

Третиот прекршок се случи, кога градоначалничката одлучи за помошник директор да ја именува Шкендије Хусеини, чие образование не е  соодветно ни за оваа позиција.

Алијанса за Албанците остро реагира на незаконските одлуки на градоначалничката Теута Арифи и бара одговорност од Министерството за Образование за оваа небрежност. Фаворизацијата, што министерот за образование Арбер Адеми, го прави за неговите партиски колеги го забележале овие професори, кои наместо во соодветното Министерство, бараат помош од Општина Гостивар.

Алијанса за Албанците го повикува Министерството за Образование и Наука да ги исполни своите ветувања за деполитизација на образованието  и да и ги одземе надлежностите на градоначалничката на Тетово, Теута  Арифи.

Потсетуваме дека ова не е прв случај на Законски прекршувања што градоначалничката на Тетово ги изврши во однос на нејзините образовни надлежности.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *