ОМД, најбројната иселеничка организација во САД одбележа 15 години постоење

Организацијата Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), што изминативе години се наметна како една од главните иселенички групи за промоција на културата и интересите на нашата земја во САД, одбележа 15-годишнина од своите активности.

Уште од своето формирање во 2004 година, ОМД стана расадник за социјален, политички и хуманитарен ангажман на Македонците во САД и пошироката дијаспора, родени таму или иселени од Северна Македонија. На гала вечерата синоќа по повод годишнината врачени беа признанија на десетици истакнати Македонци кои имаат успешни кариери во САД, Канада, Австралија и други земји.

Програмата наречена „Четириесeт под 40“ е еден вид инкубатор за активизам и размена на професионални информации за стотина млади и успешни Македонци, заминати од земјата или родени во странство, кои се стремат да се истакнат во своите средини, професии и кариери.

-Голема чест и задоволство е што оваа значајна дата ја одбележуваме заедно со гости од шест различни земји, Австралија, Канада, Белгија, Македонија, Романија и САД, изјави за МИА Мето Колоски, претседател на ОМД.

Тој укажа дека групата „Четириест под 40“, е составена од кардиолози, адвокати, гинеколози, финасиски експерти и многу други специјалисти во своите области. Признание доби и канадската музичарка Александра Петковска, позната по професионалното име Фјора, која ја има компонирано песната „Бед омен“, преземена во саундтракот за второто продолжение на „Малефисента“, филм со Анџелина Џоли во главната улога.

-Исто така, големо задоволство е што сите се собравме вечерва, посебно тоа што на нашиот повик се откликнаа и Македонци и од прва, втора, трета па и четврта генерација, изјави Колоски.

Еден од гостите беше и Филип Наумов, првиoт Мaкедонец избран за судија во САД. На изборите лани во округот Ричланд, Охајо, тој беше избран за судија во Окружен суд за граѓански спорови, одговорен за тешки криминали дела.

-Моите баба и дедо се деца бегалци кои беа евакуирани во Чехословачка. Татко ми е со потекло од Орово, Егејска Македонија, истакна Наумов во своето емотивно обраќање.

Колоски истакна дека изминатите петнаесет години ОМД има донирано над 500 илјади долари во едукативни и културни програми, 90 илјади долари за стипендии на 54 студенти, од кои половината се од Северна Македонија, а се школуваат во странски универзитети.

-Над 150 илјади долари имаме донирано во хуманитарни цели како помош за семејства без домови, за деца со Даунов синдром, ја реновиравме амбулантата во селото Стајковци, Скопско, зафатена од поплавите во 2016 година. Овие разни програми се во полза на нашата земја и македонската заедница надвор, истакна Колоски.

Тој се надева на позитивна промени во однос на тоа како се прифаќа дијаспората во Северна Македонија.

-Луѓето во нашата земја треба да сфатат дека во дијаспората има огромен потенцијал за помош на матичната земја, и ОМД е тука за да гради мостови помеѓу нашата дијаспора низ целиот свет со татковината. Се надевам на уште подобри резултати во 2020 година и уште 15 години успешна работа, порача Колоски.

ОМД в петокот имаше активности и во американскиот Конгрес со околу петнаесет средби со конгресмени за лобирање во полза на, како што рече Колоски, „македонската кауза“.

 

18 thoughts on “ОМД, најбројната иселеничка организација во САД одбележа 15 години постоење

  1. This article provides some fascinating insights! I appreciate the depth and clarity of the information. It has sparked my curiosity, and I’d love to hear other perspectives on this. Feel free to check out my profile for more interesting discussions.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *