Прогласени „Топ 100“ најголеми, најмоќни и најуспешни компании на СКСЗМ

Варадар Доломит е најуспешна компанија за 2018 година во изборот „Топ 100“ што го направи Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ). Меѓу првите пет компании се и Алма М, Кипер маркет, Нептун и Даути комерц. Наградата за најголем пораст во последната година ја доби струшката компанија Гајрет, УНИКА е најдобра компанија водена од жена, а Слајс е фирма со најголемо и најдобро проширување на глобалниот пазар.

-По деветти пат ги наградуваме најголемите, најсилните и најуспешните компании. Топ 100 е доказ дека СКСЗМ е порасната од аспект на членство, услуги, активности и проекти и оти е етабилрана како релевантна институција. Почневме со институционална поддршка и со донации од УСАИД и ЕУ, а денес сме институционален партнер. Нашите бизниси имаат големо влијание во економијата на земјата, порача претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа во своето обраќање на доделувањето на наградите.

Тој посочи дека членките на комората лани оствариле годишен обрт од околу 763 милиони евра и вработувале 8.752 лица или за 590 повеќе од претходната година. Во 2018 година оствариле нето профит од 57 милиони евра, односно осум милиони повеќе од 2017 година, и инвестирале 42 милиони евра или за 22 милиона евра повеќе од претходната година.

-Со овие бројки укажуваме дека имаме капацитети за вградување на најмодерните светски технологии и иновации во нашите капацитети и оти нашите компании успешно работат и се повеќе се интегрираат на глобалните пазари, рече Хоџа.

Потенцира дека се, и оти ќе продолжат да бидат коректор на макроекономските политики на земјата.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев растечките и успешните компании ги нарече херои на нашата економија.

-Тие се генераторот на економијата. Како Влада уште од почетокот на нашиот мандат се обидуваме економијата да биде генерирана од реалниот сектор, а не од државата и владата, бидејќи само на тој начин може да биде одржлива на долг рок. Во таа насока е и мерката за изедначување на домашните со странските компании, односни сите компании во државата да ги сметаме за домашни и да им нудиме исти услови за работа и на ист начин да бидат поддржани, рече Анѓушев.

Годинава, како што кажа, веќе се потпишани нови 120 договори за подедршка со дмашни компании од кои се очекува инвестиција од околу 230 милиони евра во следниот период. Домашните компании што се поддржани со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, подвлече, лани имаат инвестирано 180 милиони евра и вработиле над 1.500 лица само во 2018 година, а се предвидува да запослат околу 4.500 луѓе по цеосната реалзација на нивниот бизнис план.

-Бројките во економијата се охрабрувачки, имаме забрзан раст на БДП, се вработија 54.000 лица од кои екстремно најголем дел во реалната економија, извозот расте, индустриското производство исто така. Сите бројки кажуваат дека економијата оди напред, но не е се решено и има уште многу што да се направи и затоа е многу важна соработката со коморите. Токму комуникацијата со коморите ни дава насоки во кој правец треба да ги движиме економските политики, рече Анѓушев и им порача на компаниите да инвестираат во технологија и во посоверемени производни системи.

Потенцира дека е неопходна промена на образовниот систем и негово приспособување на потребите на економијата во спротивно, како што кажа, ќе стане ограничувачки фактор за развојот на нашата економија, како и да се направи поголемо владение на правото во правосудството.

Извршниот директор на СКСЗМ Дрилон Исени изборот Топ 100 го оцени како душа на СКСЗМ.

-Промовирањето на претприемништвото е стратешки приоритет на СКСЗМ, а денеска ги претставуваме успешните приказни – нашите претприемачи кои немаат лимити во мислењето и знаат да ги искористат можностите што им се нудат на домашниот и на странските пазари. Тие се на чело на иновативни компании кои се пристуни и на глобалниот пазар и сигнализираат  дека треба да се поедностават бирократските постапки и да има рамноравен развој во земјата, рече Исени.

Нагаси дека комората секогаш стои зад барањата на бизнисмените и оти осанува да биде сериозени достоен партнер на Владата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *