Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејн, во писмото испратено до кандидатот за комесар за проширување, Оливер Вархелји, очекува од него да продолжи да се залага за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија.
Праксата налага избраната претседателка да им ги испрати во писмена форма мисиите за кои очекува нејзините кандидати за комесари да работат во текот на нивниот петгодишен мандат.
Претседателката експлицитно му порачува на кандидатот за еврокомесар дека нејзината Комисија “ќе застане зад предлогот да започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија“.
Понатаму, во писмото до Унгарецот Оливер Вархелји бара “кредибилна европска перспектива“ за земјите од Западниот Балкан.
-Императивно е да го одржиме и забрзаме напредокот во наредните пет години преку систем на оценување на секоја земја кандидат заснован врз сопствените заслуги и да одржиме кредибилна перспектива за членство, стои во задачите за кои ќе биде задолжен Вархелји во делот на проширувањето кон Западниот Балкан.
Фон дер Лејн очекува од него и да работи на “забрзување на структурните и институционалните рефоми, со силен фокус врз темелите на владеењето на правото, економскиот развој и реформата на јавната администрација“.
-Исто така, треба да ги поддржите сите напори во борбата против корупцијата во регионот и да ги поддржите сите напори за добрососедски односи и решавање на билатералните проблеми, пишува избраната претседателка на Европската комисија.
Во однос на Турција, Фон дер Лејн признава дека овие преговори се сега во застој и дека Турција не може повеќе да отвора или затвора поглавја со ЕУ, бидејќи се оддалечи од европските правила и вредности.
Вархелји ќе биде задолжен и за соседската политика на ЕУ, меѓу другото и со шесте земји од источното партнерство со кои Вархелји ќе треба да работи на зајакнување на односите и да се фокусира на подобрување на состојбата со владеењето на правото, борбата против корупцијата и независноста на медиумите во Украина, Грузија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија и Молдавија.
Great article! The depth of analysis is impressive. For those wanting more information, visit: LEARN MORE. Looking forward to the community’s thoughts!