Ќе се подобрува управувањето со отпад во Делчево, Берово и Пехчево

Локалната акциска група (ЛАГ) Малеш – Пијанец, започнува со реализација на проект што треба да придонесе за подобрување на состојбата со управувањето со отпадот во општините Делчево, Берово и Пехчево.

Со проектот како што информираше претставникот на ЛАГ Малеш – Пијанец, Тони Стоименовски ќе се воведе почетна селекција на отпадот во трите општини.

– Со проектот во трите општини Делчево, Берово и Пехчево е предвидено собирање на отпадот преку поставување јадра за селекција на отпад од стакло, пластика и хартија, а ќе се набават контејнери и парковски канти за отпад. Исто така, се предвидува и набавка на камери кои ќе се постават на јавни површини и треба да придонесат за подобра контрола и заштита на јавните површини и урбаната опрема, вели Стоименовски.

Како еден од  седумте ЛАГ-ови кои се формирани во државата, Стоименовски додава, дека неодамна е потпишан првиот договор со Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој за поддршка на дел од приоритетите и за институционално функционирање на самиот ЛАГ Малеш – Пијанец.

– Со реализација на овие активности очекуваме да се подобри квалитетот на живеење на граѓаните со акцент на подобро управување со отпадот, кој е еден од основните проблеми во регионот, додава Стоименовски.

Средствата кои ЛАГ-от ги добива од ресорното Министерство се во висина од 880 илјади денари, а останатите трошоци се на товар на трите општини.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *