Вакцинацијата против грип ќе почне деновиве, што е оптимално време за вакцинација, бидејќи во земјава пикот на активноста на вирусот се очекува кон крајот на јануари и почетокот на февруари, информираат од Министерството за здравство.
По пат на јавна набавка, се посочува, Министерството набави 28.000 вакцини за грип, со кои бесплатно ќе се вакцинираат бремени жени во кој било период од бременоста, деца на возраст од шест месеци до пет години, лица на возраст над 65 години и лица со хронични болести.
Вакцинацијата ќе се закажува преку матичните лекари. Постапката за набавка на вакцините против грип се спроведува во рамки на утрврдените рокови според Законот за јавни набавки. Вакцината може да се прими во тек на целата сезона. Исто така, центрите за јавно здравје имаат набавено комерцијални вакцини против грип, кои се наменети за сите останати граѓани кои сакаат да се вакцинираат, стои во соопштението.
I found this article to be both engaging and educational. The points made were compelling and well-supported. Let’s talk more about this. Check out my profile for more interesting reads.