Теута Арифи сака да го заврши мандатот па да размислува за амбасадор во Америка

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи вели дека разбрала за предлогот да биде амбасадор во Соединетите Американски Држави, но смета дека треба да го заврши нејзиниот тековен втор мандат. Одговорајќи на новинарски прашања, таа вели дека сака да ја почитува до крај волјата на граѓаните кои ја изгласале да биде градоначалничка.

– За мене тоа е едно големо почитување имајќи го предвид фактот дека во САД секогаш сум се чувствувала како дома. Нормално дека за мене тоа е едно големо почитување, самиот факт што за тоа се зборува, но сакам да истакнам дека јас уште две години имам обврски према граѓаните на Тетово кои на гласање ме испочитуваа исто толку многу, така да би го завршила мандатот па после опциите се отворени, изјави денеска тетовската градоначалничка.

Теута Арифи од 2002 до 2011 била пратеник во Собранието, а по парламентарните избори во 2011 беше министер за евроинтеграции. Од 2013 е градоначалник на Тетово. Во ДУИ ја има потпретседателската функција.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *