ВАРДАР НАИВЕН ВО ПОГЛЕД НА МУСЛИУ

Нашиот најпопуларен фудбалски клуб, Вардар, остана без еден репрезентативец. Висар Муслиу го раскина договорот со “црвено-црните” и ако е точно тоа што го пишуваат медиумите во Косово и некои од начата држава,  во пролетниот дел од првенството ќе игра за тетовска Шкендија.

Вардар излезе многу наивен во поглед на овој перспективен репрезентативен стопер, бидејќи при неговото доаѓање во клубот не му понуди професионален договор со кој би го “врзал на верност” одреден број години, туку “стручњаците” решија да го држат со аматерски договор. Кој и да го одлучил тоа, помислил дека ако во тој аматерски договор стави клаузула дека по напуштањето на Вардар играчот не смее да потпише за друг македонски клуб го решил проблемот. Но, тој “стручњак” воопшто не размислил дека таквата клаузула е најлесно да се заобиколи, со потпишување на Висар за странски клуб а потоа со позајмица да може да игра во Македонија.

Токму тоа и се случува во моментов. Деновиве Висар ќе потпише со Приштина која е во Анталија на подготовки, а потоа ќе биде позајмен во Шкендија која на стоперската позиција ќе се засили со еден сосема здрав и квалитетен фудбалер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *