Во Прилеп ќе се применуваат современи искуства во третманот на комуналниот отпад

Во Прилеп ќе се имплементираат современи практични решенија во депонирањето на комуналниот отпад, смета прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Поради размена на искуства од сферата на депонирањето на комуналниот отпад, Јованоски престојуваше во службена посета на градот Ерфурт, Германија, по покана на тамошните локални власти, информираат од кабинетот на градоначалникот.

– Се запознав со работата на комуналните претпријатија, со сите фази на третманот на отпадните води, сè до конечната фаза-производство на енергија. Станува збор за практични современи решенија, кои што сметам дека треба да бидат имплементирани и во општина Прилеп, поточно во работата на комуналните претпријата. Експертите за адекватен третман на комуналниот отпад ги презентираа практичните решенија во „SWE Stadtwirtschaft GmbH“, „TUS GmbH“ и„B & R GmbH“, вели Јованоски. Во таа насока, експерт на градот Ерфурт следната година, најдоцна до мај, ќе биде наш гостин, вели Јованоски.

Тој смета дека размената на искуствата и имплементацијата на современите методи на работа во комуналната сфера ќе го доближат Прилеп до европските урбани средини.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *