Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денеска присуствуваше на презентацијата на нови возила и механизација набавени за потребите на општинските јавни комунални претпријатија.
Станува збор за набавка реализирана преку грант во вредност од околу 6.3 милиони денари, а со учество и на Општината Охрид со 800 илјади денари се набавени две специјални возила за товар, ровокопач и ровокопач со утоварувач.
– Со оваа и со претходните модернизации кога беа набавени седум нови комунални возила, се подобрува капацитетот на општинските јавни претпријатија и услугите за граѓаните. Особено сме задоволни од поголемиот ровокопач кој ќе може да се користи и за чистење на речни корита, диви депонии и во чистење на снегот во зимскиот период, рече Георгиески.