Три дена изменет сообраќаен режим во центарот на Куманово по повод Денот на ослободувањето

Од вечерва до недела ќе биде сменет режимот на сообраќај во центарот на Куманово, поради поставување на мотнажна бина по повод престојниот празник на градот, 11 Ноември, информира Општина Куманово.

-Режимот на сообраќај ќе биде сменетна улицата „Гоце Делчев“, поточно на делот од улицата покрај градскиот плоштад, со пренасочување заради поставување на монтажна бина – сцена за изведување на културно уметничка програма, концерти на естрадни уметници, а по повод прославувањето на денот на ослободување на град Куманово, „11 Ноември”, соопшти локалната самоуправа.

Монтажната бина, како што се истакнува во соопштението, ќе биде монтирана вечерва, а сообраќајот ќе биде нормализиран во утринските часови на 11 ноември.

Куманово со бројни културни, спортски, протоколарни настани ќе ги одбележи 75 години од ослободувањето и 500 години постење на градот. Овие три дена ќе се одржат и настапи на повеќе  локални, македонски и балкански изведувачи во вечерните часови, меѓу кои и на Некст Тајм, Џенан Лончаревиќ, Лепа Брена..

Угосителите од Куманово за време на празничните денови ќе можат да работат два часа подолго, по пртеходно донесената одлука на Советот на општината.