Се асфалтира влезот на Куманово

Општина Куманово во рамки на проектот за изградба на кружниот тек, синоќа го асфалтираше и влезот во градот, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности.

– Асфалтирани се 2.500 метри квадратни од влезот на автопатот Куманово-Белград до кружниот тек и кон мостот над автопатот. Значително ќе се подобрат условите за тековно одвивање на сообраќајот на влезот од Куманово, изјави, помошникот-раководител на одделението за комунални дејности, Момчило Јовановски.

По завршувањето на асфалтирањето и подобрувањето на временските услови, најави Јовановски ќе биде поставена сообраќајна и хоризонтална сигнализација.

Градежните активности се одвиваа и во ноќните часови, поради послабиот интензитет на сообраќај и поради тоа што во текот на денот веќе извесен период се гради кружен тек, каде што веќе има посебен режим на сообраќај.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *