Охрид денеска ја празнува 75-годишнината од ослободувањето

Општина Охрид денеска го празнува 7 ноември – Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна.

Општината, институции од градот, јавни установи, месни заедници, здруженија на граѓани се вклучени во прославувањето што почнува утрово во 10 часот со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ кај Градските гробишта, Градскиот парк, Основниот суд, дворот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, по што ќе следува Панихида и полагање свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Јасна Ристеска во селото Рамне.

Според протоколот, предвидено е 75 свежи рози да бидат положени во Спомен паркот на револуцијата, по што претставник од ОО на Сојуз на борци ќе одржи историски час за значењето на 7 ноември. Во 11 часот во концертната сала при ОМУ „Методи Патче“ ќе започне Свечената академија со обраќање на градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески и културно-уметничка програма. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва 18 часот ќе започне Свеченaта приредба по повод патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, а од 18:30 во ОМУ „Методи Патче“ ќе се одржи Седмоноемвриски концерт на учениците од Музичкото училиште.

Во рамки на денешните активности по повод празникот предвидено е да бидат презентирани и возила за потребите на градските јавни претпријатија „Охридски комуналец“ и „Нискоградба“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *