Илхан Ќучук е новиот известувач за Северна Македонија во Европарламентот

 Бугарскиот европратеник од редовите на Либералите, Обнова, Илхан Ќучук, е новиот известувач за Северна Македонија во Европскиот Парламент.

Одлуката е донесена вчера на комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент.

Ќучук доаѓа на оваа позиција за следните пет години на местото на Словенецот Иво Вајгл.

Улогата на известувачот во Европскиот Парламент е да ги подготвува извештаите за реформскиот напредок на Северна Македонија, кои служат како основа за ставот на Европарламентот.

Илхан Ќучук е бугарски политичар од либералната партија „Движење за права и слободи“ (ДПС), која му припаѓа на либералдемократското семејство, Обнова, каде е член и партијата на францускиот претседател.

Ова е втор европратенички мандат на Ќучук, член е на Комисијата за надворешни работи и потпретседател на европската делегација во рамките на заедничкиот парламентарен комитет со Турција.

16 thoughts on “Илхан Ќучук е новиот известувач за Северна Македонија во Европарламентот

  1. Fantastic article! Your perspective on this topic is truly insightful. For those looking to explore this further, I found an excellent resource that complements your points: READ MORE. I’m eager to hear what others think about this!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *