Санирана и реновирана полициската станица во Валандово

– Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска ја посети обновената зграда на полициската станица во Валандово која по неколкумесечни градежно-санациски работи е реновирана и прилагодена за нормално функционирање на полициската служба.

-Министерството за внатрешни работи од сопствени 3,1 милион денари го финансираше санирањето и реновирањето на овој објект како што тоа континуирано го прави изминативе две години реконструирајќи и санирајќи полициски објекти низ државата, рече Спасовски.

Тој посочи дека сето тоа се прави со единствена цел за воспоставување квалитетни материјално-технички стандарди за работа на организациските единици при МВР, односно на сите полициски службеници.

-Наша базична интенција беше и останува фактот дека паралелно со реформските процеси на безбедносниот сегмент,ние мораме да ги унапредиме условите за работа на полициските службеници со што се унапредува ефикасноста и квалитетот на полициското работење, нагласи министерот.

Во рамки на посетата на Валандово, Спасовски оствари средба и со градоначалникот Перо Костадинов на која беше потенцирана одличната соработка меѓу полоцијата и локалната самоуправа,а е разговараше и за проекти кои треба да се реализираат во иднина,во интерес на граѓаните.

 

One thought on “Санирана и реновирана полициската станица во Валандово

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *