Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис и Евротинк – Центар за европски стратегии денеска организираат средба со грантистите од програмата за мали грантови на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој се спроведува со поддршка од Европската Унија.
Целта на средбата е преку презентација на проектите од програмата за мали грантови да се поттикне соработката на полето на развојот на критичко мислење и медиумска писменост во духот на отвореност и соработка на сите засегнати страни. Притоа, претставниците од шесте граѓански организации ќе ги претстават основните елементи на своите проекти пред јавноста и ќе ја најават соработката со локалните организации и медиуми во реоните каде што ќе се имплементираат проектите.