Комуналното претпријатие во Кочани демантира дека се увезува електронски отпад од странство

Шпекулации и дезинформации се тврдењата во јавноста дека се увезува електронски отпад од странство и се пали на градската депонија, рекоа од комуналното претпријатие „Водовод“ во Кочани, како демант на написите на социјалните мрежи дека чадот и загадувањето на водухот се предизвикани од горењето на таков отпад.

Одговорните во јавното комунално претпријатие ги отфрлија и наводите дека за извршувањето на услугата бил земан финансиски надоместок.

– Најостро демантирам дека на градската депонија во Кочани се одлага електронски отпад, не само од странство, туку и од домашно потекло. На депонијата воопшто не влегува таков отпад, затоа што влезот е контролиран и само на нашите возила им е дозволено да го оставаат комуналниот отпад. Со оглед што нема увоз на отпад, не постои ниту финансиски приход по тој основ. Не знам кому му оди во прилог да шири гласини и да создава несигурност во јавноста, но очигледно е дека заедно со информациите за загадувањето на воздухот, лесно проаѓаат и вакви шпекулации, истакна директорот на КЈП „Водовод“, Андреј Киров.

Од „Водовод“ потврдија дека во изминатиот период од градската депонија се издига чад, но како единствена причина за тоа го наведоа присуството на органски материи во комуналниот отпад и создавањето метан што лесно се самозапалува.

Наводниот увоз и палење на електронски отпад во Кочани го демантираше и градоначалникот Николчо Илијев, а на последната седница на Советот на Општината беше побарано да се обезбедат поголеми количини земја за да се интервенира во гаснењето на запалената депонија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *