На 12 април ќе се судрат два концепти, едниот прогресивен и предводен од СДСМ кој значи напредок, економски раст, поголеми плати, повеќе пари кај граѓаните.
И вториот, деструктувен, кој се залага за обнова на режимот и обнова на криминалот, предводен од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Суштинската разлика помеѓу одговорните политики и мерки на СДСМ и криминалите на ВМРО-ДПМНЕ се гледа и преку конкретни бројки и показатели.
Катастрофалните политики на криминалната ВМРО-ДПМНЕ резултираа со пад од минус 1,8 на економијата во последниот квартал од нивното владеење и еноромно осиромашување на граѓаните.
Денес, преку одговорното работење на СДСМ, спроведените мерки и вистински економски политики, нашата економија бележи раст од над 4 отсто.
Во времето на криминалниот режим парите одеа во џебот на фамилијата, споменици, барок и жални врби.
Затоа минималната плата изнесуваше 9.000 денари.
Сега, парите на граѓаните завршуваат назад кај граѓаните.
Пари има за плати затоа што не се краде.
Минималната плата се покакува на највисоки 14.500 денари.
Тоа е 5.500 денари повеќе секој месец кај работниците.
Од 9.000 денари просечна плата во времето на ВМРО-ДПМНЕ до 14.500 благодарение на СДСМ односно односно над 60 илјади денари повеќе кај работникот за една година.
Покрај минималната плата расте и просечната плата.
Таа денес е за над 2.000 денари повисока од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Индустриското производство во месец септември, бележи раст од 6.1% во однос на истиот месец минатата година.
Ова се официјални податоци од релевантни институции.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират дека платите реално растат, дека има реален раст на економијата.
Тие се против повисоки плати и пензии, против повеќе пари кај граѓаните.
Затоа ќе загубат на изборите на 12 април, исто како што загубија и на изборите во 2019 и 2017.
Граѓаните на 12 април ќе потврдат дека државата, економијата се на прав пат.