Ние треба да дадеме патокази за новата методологија, а вие треба да продолжите со спроведување на реформите, ви претстои уште многу работа. Европската перспектива постои и таа ќе биде прецизирана во наредните месеци, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на денешната прес-конференцијата со новинарите по француското „не“ за одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија.
Во однос на методологијата кажа дека работите се во тек и не може ништо повеќе да каже, но нагласи дека за потребата од нејзина реформа постои согласност меѓу сите земји-членки, а кај повеќето и во однос на реверзибилноста на процесот. Запрашан што значи навраќањето на прашањето на Северна Македонија и Албанија пред самитот во Загреб и дали Париз ќе даде гаранција дека овој пат ќе биде задоволна од тоа што ќе се спроведе во земјава, Тимоние рече дека не може да предвиди, но оти патоказот за новата методологија е на маса.
-Не можам да ви дадам одредени гаранции, дали и што ќе биде направено пред самитот во Загреб, но ние во моментот размислуваме за тоа и тоа во позитивна визија за нештата. Идејата ни е за тој чекор кој што не беше направен овој пат, треба да ни помогне и ние да се запрашаме за нашите ограничувања и капацитети. Затоа што и ние посакуваме и другите држави членки да учествуваат заедно со нас во креирањето појасна визија каква Европа посакуваме утре, како и истовремено да се спроведат неопходните реформи, рече Тимоние.
За реформите, рече, ќе биде тешко во изборен период, кој според него, бескорисно ќе трае долго, но оти се надева дека ќе продолжат, особено судските и во безбедносните сфера, со цел да се завршат побрзо и пред изборите.
Потсети дека и покрај постигнатиот напредок, нерашавањето на статусот на СЈО предизвикало и се уште предизвикува отворени прашања, иако вели беше најдено техничко решение, но отсуството на генерален договор за една правна рамка за борба против корупцијата остава простор за отворени прашања, според него, за капацитетот на големите партии и нивната реална волја да спроведат ефикасна борба во оваа област. Порача дека без консензус на власта и опозицијата за Зконот за ЈО, не може да се направи дополнителен исчекор.
-Генерално претстои уште голема работа, големи напредоци кои се очекуваат. Европската перспектива постои и таа ќе биде прецизирана во наредните месеци. Еден ден на Черчил му рекоа дека прави историска грешка, а тој одговори дека ние сме тие кои ја пишуваме историјата. Така што ние ја пишуваме таа историја, таа е во тек, не е затворена историја. Минатиот петок не се случи европска Хирошима. Станува збор за пропратен инцидент кој предизвика сериозни последици овде кои ги разбираме, но тоа не значи крај на вашиот европски пат. И македонското срце чука како и европското, тоа е реалност. Ни преостанува сега да го најдеме правниот и политички неопходен пат за да може сето тоа да се трансформира во вистинска политичка градба за влез. Франција има јасна визија, во која Македонија го има целото свое место, посочи амбасадорот Тимоние.
На новинарско прашање Тимоние кажа и дека прашање е дали сме ние држава за пример во регионот, со забелешки на оценката во извештаите на ЕК за земјава, посочувајќи дека и за време на претходната власт рапортите за Скопје беа позитивни. Според него, напредокот во реформите на хартија не соодветствува со состојбата на теренот, за што потврда структурни проблеми како и заминувањето на младите.
I thoroughly enjoyed this article. The analysis was spot-on and left me wanting to learn more. Let’s talk more about this. Check out my profile for more engaging discussions.