Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска на прес-конференцијата што ја закажа со цел да одговори на сите прашања на новинарите по француското „не“ за одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, истакна дека ги пренел во Париз на француските власти силните емоции и разочараноста која се чувствува во земјава по Самитот на ЕУ во Брисел.
Тимоние истакна дека геополитиката ги надминала реалните очекувања и во јавноста се „создал впечаток дека Преспанскиот договор е единствениот услов за почеток на преговори“.
Одговарајќи на новинарско прашање дали се свесни неговите претпоставени во Париз за тоа што направија во земјава, Тимоние изјави дека во јуни Бундестагот не бил подготвен, ЕУ беше во процес на избори, а во текот на летото, како што рече „мистериозно на некој начин се појави идејата дека одлуката ќе биде компензација за Договорот од Преспа“.
-Се случи чудна промена на перспективата. Јас како набљудувач често пати се прашував како од објективна проценка на агендата преминавме кон позитивните и слабите точки на наградата за постигнат договор, од техничките, фундаменталните аспекти, кои се услови за почеток на преговорите се најдовме во ситуација да се занимаваме со прашања од геополитика. Тоа не беше француската перспектива. Геостратешките аспекти се важни, но имаше чудно поместување на вниманието, кое повеќе допира до политички маркетинг, наместо до дипломатки дискусии, рече Тимоние.
Нагласи дека внимателно ја следеле ситуацијата во земјата и свесни се за големото разочарување на јавноста, вели тој често сe вози со такси и ја гледа разочараноста и додаде дека некои дале ветување, а потоа ја префрлиле грижата на другите тоа да го исполнат. Додаде дека не само Франција и другите треба да сносат одговорност за целата ситуација.
Вели јавното мислење во земјата било со очекување на датум и тоа правело дополнителен притисок врз земјите-членки да дадат позитивна одлука.
На прашањето да даде коментар како другите земји-членки на ЕУ процениле дека реформи има, дека тие продолжуваат и се во вистинска насока, а само Франција не го согледала тоа, Тимоние вели дека ништо не е завршено, пред нас е самитот во Загреб, а претседателот Емануел Макрон ги признал реформите што се направени, но укажал дека е потребна нова методологија за проширувањето за да бидат подготвени и ЕУ и земјите-членки.
-Франција има поддршка за тоа барање и од други змеји членки и се надеваме дека тие активности брзо ќе бидат завршени, рече Тимоние.
Истакна дека Макрон јасно посочил дека работите не се толку јасни, како што биле презентирани тука и додаде дека во Брисел имало сложена дискусија и на ниво на министри за надворешни работи и на ниво на лидери.
-Разговорите беа навистина силни, имаше различни дискусии за Северна Македонија и Албанија, дали да се поврзат, дали да се разговара поединечно за заслугите на едната и другата земја. Имаше еден француско-германски предлог, тој не беше усвоен, се сметаше дека е минималистички од страна на другите партнери. Жалам што тој предлог дури и ако можеби не беше задоволувачки не успеа и на прашањето ќе се вратиме во Загреб, додаде Тимоние.
Во однос на тоа дали Амбасадата тука му испратила порака на Макрон дека доколку Северна Македонија добие датум за преговори без Албанија, Албанците во земјава ќе предизвикаат дестабилизација, Тимоние истакна дека секогаш треба да се има предвид рамнотежата во регионот и балансот што владее во него.
-Треба да се најде вистинската рамнотежа на целата динамика на процесот, а за албанското прашање очигледно е дека не може да не се земе предвид тенденцијата која постои во таа земја и ризиците во регионот за распределба на идеолошките карти под агол кој претставува своевидна опасност и мислам дека Макрон пред се сакаше да покаже дека ние не можеме да ги следиме случаите изолирано, туку дека постои поврзаност меѓу сите кандидати, истакна Тимоние.
Тој додаде дека треба да се земат предвид и случувањата во Косово и оти мора да се пристапува претпазливо и да се следат состојбите, бидејќи како што рече, целосното стабилизирање на Балканот се уште не е завршено.
I thoroughly enjoyed this article. The analysis was spot-on and left me wanting to learn more. Let’s discuss further. Click on my nickname for more engaging discussions.