Честитка од МД„Илинден“ по повод 23 Октомври

Македонското друштво „Илинден“-и огранокот за Голо Брдо, по повод празникот 23 октомври, Ден на македонската револуционерна борба упати честитка до сите Македонци каде и да се, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина.

-Од името на сите Македонци кои живеат во Албанија упатуваме честитки по повод големиот празник, 23 октомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение на македонскиот непокор преку кој ќе се води бoрбата на сите генерации кои ќе следат до конечно остварување на најголемиот сон за слободна и независна држава. Да го почитуваме и славиме овој голем ден, стои во честитката.

Честитајќи им го денот на сите Македонци каде да се на земјината топка, друштвото ги потсетува дека Денот на македонската револуционерна борба е „еден од трите светли датуми кои го одбележаа векот за обнова на македонската државност“.

– Нека е вечен и вековит Денот на македонската револуционерна борба!-стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото,Никола Ѓурѓај и на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *