Во организација на Мрежата за медиумска писменост од денеска до 15 ноември под мотото „Застани, размисли, провери“ ќе се одржат Деновите на медиумската писменост, чија цел, меѓу другото е да се подигне јавната свест за важноста на медиумската писменост, која може да овозможи формирање критичка и доброинформирана јавност која ќе носи правилни одлуки.
Организаторите сметаат дека овие денови, во кои се вклучени десеттина членки на мрежата и неколку организации кои соработуваат со нив, ќе овозможат деца, млади, возрасни и пензионери да се стекнат со вештини за медиумска писменост, да се обезбеди платформа за соработка, размена на искуства и развој на одржливи проекти за медиумската писменост помеѓу професионалците кои доаѓаат од различни општествени сектори на делување – јавни, приватни, државни, владини, невладини организации, индивидуалци и медиуми, од Скопје, но и од други градови во земјата.
– Поттикнувањето на медиумска писменост има за цел подигнување на свеста за нејзината важност, но и развивање на критичката свест кај луѓето и подобрување на нивното учество во општествените процеси како активни граѓани, рече претседателот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумумски услуги Зоран Трајчевски.
Преставникот од МОФ, Димитар Низамовски, смета дека медиумската писменост не само што овозможува значи добро информирани граѓани кои активно можат да се вклучат во општествениот живот, туку значи и борба спротив пропагандата и лажните вести.
Во 21 век, рече тој, голем предизвик е справувањето со пропагандата, со ширењето дезинформации, што пак, овозможува граѓаните да дидат добро информирани од релевантни извори и да имаат точни информации, кои подовна ќе им овозможат да носат исправни одлуки.
Марина Тунева од Советот за етика во медиумите вели дека поддршката и афирмацијата на медиумската писменост за нив е добра можност да се испрати порака дека јавноста има клучна улога и влијание во давањето одговор на новинарското известување.
-Најважниот апел што самаме да го испратиме е дека медиумите треба да дејствуваат како стожери на јавниот интереси да пишуваат, известуваат и информираат во согласност со начелата на самата професија, рече Тунева, додавајќи дека без морална поставеност на новинарството е илузорно да се очекува дека ќе има развој на демократијата и остварување на интересот и правата на граѓаните.
Билјана Петковска, од Македонскиот институт за медиуми смета дека медиумската писменост треба да се вклучи во формалното образование, за што веќе се видат одредени разговори. Ова, рече таа, е еден од врвните приоритети на МИМ.
Со организацијата на Деновите на медиумска писменост, нашата земја се вклучува во одбележувањето на осмата Глобална недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО. Во текот на четири седмици, граѓани ќе имаат можност да се вклучат во триесетина работилници, дебати, вебинари, отворени денови и други настани фокусирани на различни аспекти од медиумската писменост.