Општина Центар ја почна целосната реконструкцијата на градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“, клон „Пепелашка“. Се очекува во рок од шест месеци ќе се заврши овој проект и ќе овозможат најмодерни услови за згрижување на децата од претшколска возраст.
– Објектот е изграден во 1892 година. Освен некои реконструкции и ситни зафати кои биле правени по земјотресот, досега не се преземени никакви конкретни мерки за да се подобрат условите. Тука престојуваат околу 120 деца од претшколска возраст, изјави градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, кој денеска изврши увид во градежните активности во градинката.
Тој рече дека во градинката ќе има нови ѕидови, нова електрична инсталација и водоводна мрежа, ќе има антибактериски подови, нов покрив, нова кујна која се изработува по ХАСАП стандарди. Градинката ќе има нова енергетски ефикасна фасада и притоа ќе се задржи постојниот изглед на објектот.
Потсети дека заврши целосната реконструкција на објектот во Градскиот трговски центар, „Палешка“, каде преостанува уште опремувањето.
Богдановиќ најави дека наскоро нови градинки и првпат ќе добијат населбите Пролет и Маџир маало.