Шекеринска: Учеството во најмоќната воено-политичка алијанса е шанса за државата да профитира на безбедносен план

Речиси 30 години државата се обидува да исполни една своја стратешка цел, тоа е членството во НАТО, не само поради политички бенефит, туку поради тоа што како држава од поранешна Југославија, видовме колкава е цената на нестабилност, на војна, на конфликт. И затоа учеството во најмоќната воено-политичка алијанса заедно со најмоќните и најбогатите е шанса за државата да профитира на безбедносен план.
Ова го изјави вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска во Куманово пред почетокот на дискусијата за придобивките и предизвиците од членството во НАТО организирана во рамки на НАТО Караванот „РСМ во НАТО: Политичко-безбедносни придобивки, ризици и предизвици“. Таа посочи дека три децении инвестиравме во членство, меѓутоа три децении нашите напори останаа без резултат, а сега кога огромен број членки го ратификуваа Протоколот, нагласи, може да се каже дека сме го оствариле она што е стратешка цел.

-Тоа што пред две години изгледаше невозоможно, домашната криза, нападот во Собранието што не фрлија на страната на нестабилноста, членството во НАТО гарантира дека и економски и политички државата се стабилизирареше, истакна министерката.

Во дискусијата со кумановци, Шекеринска се осврна на сработеното, на реформите во одбраната, кои биле истакнати пред созјуниците како завршени обврски. Три години по ред, истакна, се зголемува буџетот за Армијата, за одбраната, се инвестира во луѓе, знаења, припадниците на Армијата добија прво 10 проценти покачување на платата, а сега уште пет проценти.

-Зголмување на приходи, реформи, но тоа се не само реформи за НАТО,  туку се и домашни задачи, рече министерката.

Додаде дека 25 земји членки ја завршија ратификациската процедура и тоа беше брз процес, бидејќи, според не, можат да траат и до година и половина. Први го ратификуваа соседите што покажува, вели, дека Балканот учи од своето искуство, а  минатата недела дури две земји членки.

-Тука може да споделам дека финалната фаза во американскиот законодавен дом започнува, кажа пред кумановци, министерката. Членството, рече, гарантира безбедност и стабилност на државата и не само тоа, туку и носи резултати на економски план, укажувајќи дека откако е добиена поканата  за повеќе од четири пати се зголемени странските инвестиции, а за оваа година има 50.000 нови работни места.

-Посакуваме  и очекувавме оваа година да биде, година на двоен успех, НАТО членство почеток на преговори со ЕУ. Пораката и резултатот од последната средба ви е позната. Тоа е разочарување за сите нас, но оптимист сум. Ја чувме негативната, но и позитивната порака – ниту една земја членка на ЕУ не можеше да најде аргумент против нас, дека не сме успеале нешто да завршиме, рече Шеќеринска и додаде дека нема откажување.

Според неа, НАТО членството ќе биде круна на заложбите да станеме дел од западниот и развиен свет.

Што се однесува до бројките министерката кажа дека до 2024 година секоја држава ќе мора да одвои два процента од БДП.  Таа потенцираше дека до 2008 година, државата одвојувала 2,18 проценти од БДП за одбраната.

-Тоа не значи дека ги даваме парите во НАТО, туку си ги вложуваме кај нас, додаде министерката. Државата има академија каде се едуцираат питомци од други држави, полигон каде се вршат вежби, а за македонското небо се грижи членка на НАТО,  Грција, нагласи Шекеринска.

Членството во НАТО, рече таа, е и паметна одбрана, а парите кои се одвојуваат ги спореди со одвојување 50 денари од секој граѓанин на годишно ниво за кафе.

-50 денари годишно од секој граѓанин е мала цена за сигурно небо и безбеден сон, нагласи министерката.
Со НАТО членството ќе се задржат и младите во македонската армија, рече министерката Шекеринска, која се осврна и на лажни вести кои произлегоа во врска со членството, а македонските компании ќе можат да учествуваат на тендери кои ќе ги објавува Алијансата.

Амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, се осврна на приемот на таа земја во НАТО, истакнувајќи дека процесот траел околу година дена.

-Јасно е дека Северна Македонија веќе се третира како членака на НАТО, но техничките процедури мора да се завршат и се надевам дека тоа ќе биде до Лондонскиот самит. Евентуалното одложување на формализацијата на членството за некој месец или два, ќе биде резултат на објективни околности на кои никој не може да влијае како што е случајот со Шпанија и вонредните избори кои се закажани за ноември, но се надеваме дека набргу ќе ја дочекаме Северна Македонија како 30-та сојузничка, рече амабасадорката.

Покрај колективната одбрана, тука е и заштита на воздушниот простор, помош при непогоди, кризни ситуации за кои НАТО одвојува ресурси да помогне на својата членка, рече амбадароката. Предност е, потенцираше амбасадорката, и можноста да се аплицира за работи за воени и цивилни структури во НАТО. Во Црна Гора забележан е и раст на инвестиции, зголемен е бројот на туристи од земји членки на НАТО, има раст во индустриски зони, зголемени приходи во комапнии кои се занимаваат со шпедитерски услуги, софтверски компании.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *