Усвоен ребалансот на буџетот на Општина Делчево

Делчевските советници ги усвоија измените и дополнувањата на буџетот на Општина Делчево за годинава. Како што беше образложено во рамки на денешната 30. седница на Советот на Општина Делчево, од страна на раководителката на секторот финансии Анка Христова, согласно ребалансот, извршени се проширувања и измени во Основниот буџет и во Буџетот на донации.

– Сите знаеме дека Ребалансот претставува нов буџет за годината за која се донесува. Во Основниот буџет рамката на буџетот се зголемува за средства во износ од oсум милиони 16 илјади и 700 денари и тоа на ставка 741 трансфери од други нивоа на власт. Со проширувањето, основниот буџет изнесува 118 милиони 999 илјади и 700 денари, а проширувањето произлегува од склучениот Договор од страна на АФПЗРР и Општината на износ од шест милиони 187 илјади 226 денари, за инвестиција за канализациони системи во населба Басарица, село Киселица и село Вратиславци и Договорот со Бирото за регионален развој и Општина Делчево за реализација на проектот „Изградба на дел од локален пат Илиово-Турија (делница од с.Турија-с.Трстија) завршна фаза“, на износ од два милиони 773 илјади 584 денари, истакна Христова.

Со ова, зголемувањето на вкупниот Буџет на Општината со измените и дополнувањата, како што појасни Христова, изнесува 12 милиони 145 илјади и 700 денари и тоа за Основниот буџет за осум милиони 16 илјади и 700 денари и четири милиони 129 илјади денари за буџетот на донации.

-Во групата 71. даночни приходи (данок од доход, даноци на имот, даноци на специфични услуги и такси за користење или дозволи за вршење на дејност), зголемувањето имаме за 999 илјади и 984 денари, додека во даночните приходи намалување има само кај даноците на имот (конто 713) за 575 илјади денари или 4,5 отсто. Намалувањето е планирано кај данокот на промет, бидејќи според направената тренд анализа, сметаме дека истите до крајот на годината нема да се наплатат. Зголемувањето на даноците на специфични услуги (конто 717), е за миолион и 575 илјади денари. Во даноци на специфични услуги влегуваат сите сите видови на комунални такси, како и надоместокот за уредување на градежно земјиште. Зголемувањето произлегува од поголемата наплата на комуналната такса за истакната фирма, појасни Христова.

Според новиот ребаланс, според соопштените податоци, расходниот дел во основниот буџет има намалување во делот на платите и надоместоци од плати, во износ од 702 илјади и 700 денари, додека во во делот на стоки и услуги износот се зголемува за милион 965 илјади и 400 денари, односно за 7,5 проценти.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *