Околу 150 дрвца се засададени долж „Милениумска патека“ планинарско-рекреативна акција која се спроведе вчера на падините на Сува Гора. Во организација на планинарскиот клуб Јелак од Тетово, Македонската Православна Црква и Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи 105 учесници ја поминаа патеката долга девет километри и учествуваа во акцијата.
-Планинарско-рекреативната акција започна од тетовското село Блаце и заврши во селото Волковија. Дрвцата се засадија на две локации кај црквата Света Екатерина во Стенче и во близина на месноста Чука кај Волковија. Имаше голем број млади и деца, со оглед дека станува збор за лесна патека за пешачење, информираа од ПК Јелак.
Оваа акција се организира по втор пат, а поводот е одбележување на 1000 години од Охридската Архиепископија. Поздравно слово во црквата Света Мина во Волковја каде заврши пешачењето одржи митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф.
-Патот на нашата Црква бил како оваа патека. Полн со восочини, но и со падови. Пред нас го поминале нашите предци, нашиот народ и свештенството, па страниците на нашата историја се исполнети со богати содржини, како што оваа патека е исполнета со нашето милениумско и постаро црковно и културно наследство: бројните археолошки локалитети, ранохристијанските храмови, поновите цркви и манастири, истакна владиката Јосиф.
Учесниците на Милениумската патеката, ги поминаа православните цркви „Пресвета Троица“ и „Света Петка“ во Блаце, ранохристијанската базилика во областа Граиште, „Свети пророк Илија“, и новоизградената црква „Света Екатерина“ во Стенче. Во Волковија се поминаа „Свети Атанасиј“,„Свети Георгиј“ при некогашниот Волковски манастир и „Свети Мина“ .
Muchas gracias. ?Como puedo iniciar sesion?
Muchas gracias. ?Como puedo iniciar sesion?