Бирлајн разочарана од дебатата за проширување на ЕУ

Австриската канцеларка Бригите Бирлајн е разочарана што на Самитот на ЕУ не е донесена одлука за почеток на пристапните преговори на Албанија и Северна Македонија, истакнувајќи дека тоа не е добар знак за солидарноста во Унијата, ниту за безбедноста во регионот.

-Тоа е за жалење. Австрија и другите земји се залагаа за почеток на пристапните преговори, кажа Бирлајн пред почетокот на вториот ден од Самитот во Брисел.

Таа смета дека Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите на ЕК и дека имаат право на пристапни преговори.

-Одлуката не е донесена поради одредени држави. Сметам дека тоа не е добар знак за солидарноста во Унијата, како и за безбедноста во регионот, порача Бирлајн.

Таа, наведе, дека денеска разговарала со премиерите на Северна Македонија и Албанија кои и пренеле дека се разочарани.

-И тие се многу разочарани. Ги уверив дека и понатаму ќе ги поддржуваме, кажа Бирлајн.

Одлуката за пристапни преговори со Северна Македонија не е донесена поради, како што пренесуваат австриските медиуми, противењето на претседателот на Франција Емануел Макрон, а Албанија ја „блокирале“ премиерите на Данска и Холандија, Мете Фредериксен и Марк Руте.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *