Кичево ќе добие модерна пречистителната станица за фекални отпадни води

Кој крајот на март ќе биде пуштена во употреба пречистителна станица за фекални отпадни води во Кичево, чија цена ќе изнесува 9,3 милиони евра, обезбедени од програмата ИПАРД 1.Ќе има капацитет за 46.000 жители.

– Новата пречистителна станица поседува австриска технологија, како и најголем број станици во населените места во Австрија и во Швајцарија и важи за најсовремена технологија што се користи на стариот континент, вели Шасим Османи, надлежен инженер за надзор при изградбата, поставен од конзорциум „Рутекс” од Бугарија и „Гарнетс“ од Чешка.

Тој информира дека новата пречистителна станица се гради во две фази.

– Во првата фаза комплетно ќе биде изградена пречистителната станица, како и колекторскиот систем во должина од 4,5 километри, а се протега по течението на Зајашка Река и на осум места ќе има приклучоци за собирање на отпадните води од градот и околината или ќе има капацитет за 35.000 жители. Во втората фаза ќе бидат изградени колекторски системи од поранешните општини Зајас, Осломеј и дел од Другово, од каде што отпадните фекални води ќе се спроведуваат до пречистителната станица. Со изградбата на овие три краци комплетно ќе биде завршен овој капитален објект за нашата општина, нагласи Османи.

Потсети дека по завршувањето на овој објект ќе има 24-часовно дежурство на самата станица, водите што ќе се испуштаат од станицата ќе имаат 97 отсто чистота, а целокупниот систем ќе работи на електрична енергија.

– Бидејќи новата пречистителна станица ќе работи на струја, за да се подобри нејзината економска исплатливост, на неа може да се изгради и колекторски систем, од каде што самиот објект во еден дел ќе се снабдува со електрична енергија, а 20 лица ќе бидат директно вклучени во нејзината работа, посочи Османи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *