Амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар ја посети Битола и изврши увид во реализацијата на проектите финансирани од ЕУ „Грижа во раното детство“, „Иновативна зоолошка градина“ и „РЕМЕДИК/Прекуграничен центар за регенеративна медицина со матични клетки“.
За време на посетата во општина Битола, амбасадорот најави финансиска поддршка и за други проекти за кои информираше градоначалничката Наташа Петровска.
– Перспективите на нашиот град и на Македонија се отвореност и постојана комуникација. Поддршката од ЕУ за нашата општина се одвива несебично, а таквиот интерес продолжува бидејќи и денеска беше потврден од амбасадорот Жбогар, истакна Петровска по заедничката работна средба со евроамбасадорот кого го информираше за програмските активности на општината од нејзина надлежност.
Според Жбогар, општина Битола е значаен партнер за соработка и затоа поддршката од ЕУ ќе продолжи со финансирање наконкретни локални проекти.
– Градоначалникот на Битола ме информираше за многу предизвици со кои се соочува во општината, дознав многу повеќе за проблемот со загадувањето на воздухот во Битола, бев информиран за проблемот со отпадните води, проблемите во образованието и долговите што ги имаат битолските училишта. Исто така разговаравме за проекти кои ги финансира ЕУ а имплементира општина Битола, но и за идни можни проекти за кои ЕУ може да помогне во следниот период а во функција на развојот на локалната самоуправа. Во оваа прилика би го издвоил големиот проект поврзан со пречистителна станица кој е во подготовка, а разговаравме и за други можности за националниот парк „Пелистер“ како и поддршка на алтернативниот туризам, посочи амбасадорот Жбогар.
На заедничката средба во Битола амбасадорот Жбогар на градоначалникот на Битола и додели благодарница како знак на потврда за взаемна соработка и поддршка од ЕУ на Битола.
Wow, superb blog format! How long have you been blogging for?
you made running a blog look easy. The full look of your web site is magnificent, let alone
the content! You can see similar here sklep