Соопштение за јавност за преговорите за името

Почитувани,

Во врска со предложените идеи како подготовка за конечен предлог за решавање на спорот за името, изнесени на средбата во Њујорк помеѓу медијаторот Метју Нимиц и преговарачите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, за кои Владата на Република Македонија треба да се изјасни, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ СТРАТЕШКИТЕ ИНТЕРЕСИ НА ТАТКОВИНАТА! ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО! СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ!

Дали некој во Татковината има се уште некаква дилема? Уште колку Македонски знамиња Грчките националисти треба да запалат, уште колку провокации од типот „Македонија е Грчка“ или „не постои Македонски идентитет“ треба да слушнеме за да се отрезниме? Грчката позиција и опозиција се разликуваат во нијанси. Едните инвестираат во лажна конструктивност пред меѓународната заедница, другите ловат гласови на стариот средновековен Грчки национализам. Но, во едно се согласуваат, заедничка им е уцената – Македонија и Македонскиот народ мора да си најдат нов идентитет ако сакаме влез во ЕУ и НАТО.

Македонскиот народ не прифаќа никакви одредници во името кои наводно требале да направат разлика меѓу Грчкиот регион и нашата Татковина. Ние сме биле, сме и ќе останеме Македонци во Република Македонија. Кога веќе Грција своите налудничави барања ги аргументира со Егејска Македонија која неправедно ни беше одземена со Букурешкиот Договор, тогаш еве им предлог. Како што со геноцид и асимилација од 1913 почнаа да ги менуваат Македонските називи од Солун во Тесалоники, Воден во Едеса, Сер во Серез, Баница во Веви, Кукуш во Килкис, Кутлеш во Вергина, тогаш нека го сменат и името на регионот Македонија со Грчки назив или нека го вратат неговото вистинско име – Егејска Македонија. Така самите ќе си го исполнат она што ирационално го поставуваат како услов.

Македонската Алијанса најавува Платформа во 10 точки за заштита на националните интереси. Во неа ќе бидат адресирани сите прашања поврзани со заштита на Уставното име и Македонскиот национален идентитет и обезбедувањето сигурна иднина за Татковината.

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *