Швајцарска програма за поголема искористеност на приватното сместување во Охрид

Начините за продолжување на туристичката сезона во Охрид во зимскиот период преку подобрување на квалитетот на услугите што се нудат и проширување на севкупната туристичка понуда се темите на дискусија во рамки на обуката што во Охрид ја спроведува Швајцарската агенција за развој и соработка (ИМЕ).

Овојпат целна група на тренингот се приватните станоиздавачи, на кои искуствата и знаењата ќе им ги презентираат врвни експерти по туризам, се во насока на разработување начини и методите за подобро искористување на продажните и дистрибутивните канали, со крајна цел зголемување на искористеноста на приватниите сместувачки капацитети преку целата година.

– Горди сме на зимската сезона во Охрид оттаму што Градот понуди нови содржини за гостите пред и после новогодишните празници, што придонесе за значително зголемување на исполнетоста на приватните сместувачки капацитети. ИМЕ програмата веќе четврта година е во Охрид и преку своја група работи на управување со дестинации, продажба и закуп на соби, менаџмент во хотелиерството и угостителството, работи и со туристички агенции. Овојпат сме тука да пополниме уште една празнина во насока на подобрување на искористенсота на капацитетите и зголемување на приходите од продажбата, изјави Елена Иванова, менаџер по туризам во ИМЕ.

Таа укажа на потребата од формирање посебни цени на сместувачките капацитети согласно перидот во годината, секако имајќи ја предвид понудата и очекувањата и барањата на специфичен сегмент на гостите што доаѓаат тука.

– Ова не е работа само на еден човек или група субјекти, задача на целата фела е унапредување на дестинацијата. Конкретно, преку збогатување на понудените содржини, креирање добар пакет со добри цени да се работи на привлекување точно одредени целни групи туристи, истакна Иванова.

Експертот по туризам Албион Идризи смета дека несомнено Охрид има што да понуди кога станува збор за туризамот, но укажа на потребата од усогласен и орагнизиран настап на сите субјекти пред потенцијалниот туристички пазар, имајќи ги предвид спецификите што го детерминираат.

– Туризмот е мошне динамична стопанска категорија која постојано се менува. Потребите на специфичните гости постојано варираат, а во овој период во развоен тренд е авантуристичкиот туризам. Се менува начинот на кој луѓето се запознаваат со понудата на конкретна дестинација, начинот на кој го букираат сместувањето, но и начинот на кој ги презентираат впечатоците и искуствата од престојот, посочи тој.

Негова оценка е дека добрата авионска поврзаност на Охрид со повеќе светски центри, евтините авио-билети, очекуваното автопатско поврзување се фактори кои позитивно влијаат во поодобрувањето на севкупната туристичка понуда.

– Тие фактори комбинирани со бројните недо волно искористени сместувачки капацитети претставуваат огромен потенцијал за разработување конкретна туристичка понуда во секој период од годината, истакна Идризи.

Очекувањата се дека преку вакви тренинзи и обуки сопствениците на приватните сместувачки капацитети во Охрид полесно ќе допрат до конкретни целни групи туристи, ќе ја збогатат и подобрат својата понуда и оти на тој начин ќе забележат подобри резултати, какви што веќе се остварени во други дестинации каде се спроведени слични активности реализирани преку овој проект.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *