Меѓународен параглајдинг натпревар овие три дена на Попова Шапка

Параглајдинг клубот „Љуботен“ од Тетово од денес до недела е домаќин на меѓународен параглајдинг натпревар. Натпреварувачите доаѓаат од осум земји, а ќе се лета во категорија ФАИ2 во дисциплина прелети. Ќе се полетува од месноста Репетитори на Попова Шапка.

-Напреварувачките денови ќе зависат од метереолошките услови, а доколку се добри условите брифингот за старт ќе биде во 11 часот, а полетувањата од 12 часот. На стартот на Попова Шапка ќе има техничка екипа, оспособена за помош при полетување и друга помош при старт. Метео податоци ќе се користат од Метео-службата на Аеродром Скопје, Управата за хидро-метереологија и пригодните интернет страници, информира Владимир Радичевски од клубот „Љуботен“.

Има предвидени осум прелети со зададени правци. Најдолгиот е од стартот на Попова Шапка па до врвот Љуботен и назад до Тетово. Место предвидено за слетување во случај на неуспешен прелет е просторот во подножје на Шар Планина, помеѓу Тетово и Голема Речица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *