Мерко: Струга нема дивоградби што го загрозуваат статусот на УНЕСКО

Во заштитената зона во Струга нема ниту една дивоградба, тврди градоначалникот Рамиз Мерко.

Според него, регистрирани дивоградби има во внатрешноста на градот и руралните средини за кои треба да изработат регистaр за точна бројка.

– Направен е список на дивоградби. Тие се во внатрешноста или во руралните средини, но УНЕСКО или никој друг не кажуваат дека тие попречуваат некој процес и оти треба да се рушат, вели Мерко.

Според него, во општина Струга имало над пет илјади пријави за легализација на дивоградби опфатени со Законот за легализација донесен во 2011 година, но оти се работи за скали, тераси и слично. Барањата, додаде, се разгледуваат и тие што ги исполнуваат критериумите ќе бидат легализирани, а за останатите ќе се бара начин за справување со проблемот.

Мерко нагласи дека Охрид е град на УНЕСКО и оти треба сам да се заштити, а Струга може да му да даде свој допринос во однос на тоа прашање.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *