Општина Кичево со „Проект за подобрување на социјалните услуги”

Врз основа на законот за социјална заштита, како и за спроведување на „Проектот за подобрување на социјалните услуги“ од страна на Министерството за труд и социјална политика, Општина Кичево објави повик за идентификување на заинтересирани даватели на социјални услуги.

Една од главните цели на проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалната заедница, согласно потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица, за што Министерството за труд и социјална политика обезбедува грантови во вкупна вредност од 10,8 милиони евра за период на имплементација од пет години.

Општина Кичево до Министерството за труд и социјална политика ќе може да аплицита за грантови наменети за проекти за развој на социјалните услуги во локалната заедница, вклучувајќи непосредна социјална услуга, помош на индивидуа или семејство, домашна нега, лична асистенција, дневна нега, привремена грижа, мали групни домови, дневни центри и услуги за живеење со поддршка и други иновативни услуги во заедницата.

Грантовите ќе бидат финансирани од МТСП и ќе бидат насочени кон развој на услуги што ќе ги обезбедуваат општината во соработка со други даватели на услуги (граѓански организации, физички и правни лица). Средствата од грантот ќе бидат наменети за воспоставување и финансирање на услугата по корисник по утврдена цена на услугата во наредните 12 месеци.

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите кои ќе учествуваат на овој повик се: да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации, да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес, физичко лице кое самостојно врши работи од социјална заштита како професионална дејност кое поседува издадена дозвола за самостојно вршење на професионална дејност.

Рокот за поднесување на пријавите е 20 дена од денот на објавување на огласот во медиумите, велат од  службата за односи со јавноста на Општина Кичево.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *