ВМРО-Народна: Македонија да биде – една изборна единица со минимален или без изборен праг

ВМРО-Народна партија покрај илјадниците повици и апели, уште еднаш упатува поддршка за промена на изборниот законик со што Македонија ќе биде – една изборна единица со минимален или без изборен праг.

ВМРО-Народна партија се радува што предлогот за една изборна единица добива поддрпка и од партиите кои во не толку далечната 2011 година кога и за прв пат укажавме на потребата од промена на изборниот законик, не смогнаа сили да се придружат кон нашиот предлог и го поддржат иако учествуваа во владината коалиција.

ВМРО-Народна партија и после осум години стои на ставот дека со ваквата промена ќе се забетонира плурализмот односно широко ќе се отвори демократскиот процес подеднакво за сите партиско-политички чинители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *